Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино ја прокоментира победата на лондончани против Брајтон (1-2) во одложениот меч од 34. коло во Премиер – лигата.
„Јас сум многу задоволен. Благодарение на трите бода сега сме во многу добра позиција на табелата, што ни овозможува да се избориме за пласман во европските натпреварувања со мечот против Борнмут. Конкуренцијата во Премиер – лигата е секогаш многу сериозна, а англиското првенство е најтешко во светот“, изјави Покетино.
Благодарение на успехот „сините“ се искачија на шестото место и сега ја држат судбината во свои раце. Треба само да го совладаат Борнмут следниот викенд и ќе обезбедат пласман во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













