Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, најави дека ќе остане во клубот и следната сезона, со што ги отфрли шпекулациите за негово заминување во претходните месеци.
Аргентинскиот стратег изразувајќи се во проценти изјави дека 100% ќе го води тимот од „Паркот на принцовите“ и следната сезона, додавајќи дека тоа истото важи и за Килијан Мбапе.
„Останувам 100%, исто како и Мбапе“, кратко изјави Покетино во пресрет на гостувањето кај Стразбур.
Покетино најмногу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но на клупата на англискиот великан ќе седне актуелниот стратег на Ајакс, Ерик тен Хаг.
Во последните неколку дена јавноста се вжештува со информации дека менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ќе биде нов тренер на ПСЖ од следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













