Connect with us

Покер на Ретеги, Аталанта ја декласира Верона

Аталанта ја потврди својата одлична форма со убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Верона во 24. коло од Серија А.

Тимот на Џанпјеро Гасперини доминираше од самиот почеток и уште во првото полувреме постигна четири гола. Главен херој беше италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги, кој запиша хет-трик во првиот дел, а подоцна додаде уште еден погодок.

Петтиот гол за гостите го постигна Бразилецот Едерсон, а Аталанта ја запиша својата петнаесетта победа оваа сезона, стигнувајќи до 50 бодови, само еден помалку од Интер, но со одигран натпревар повеќе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови