Фудбалскиот бог Диего Армандо Марадона замина меѓу бесмртните. Аргентина жали за својот херој, но и го величи до небеса како и секој ден кога беше со својот народ. Срцето на големиот Диего престана да чука само неколку дена откако го прослави својот 60-ти роденден.
Последното збогување со легендарниот „Ел Пибе“ треба да биде на „Ла Бомбоњера“, но ова се уште не е официјално потврдено. Еден од неговите ученици, Хуан Роман Рикелме, а сега потпретседател на Бока Јуниорс, најави дека телото на Диего Марадона ќе биде изложено на „Ла Бомбоњера“, а сите фанови ќе можат да се простат од него во текот на 48 часа.
Вечното почивалиште на Диего Марадона би можел да биде Националниот музеј на Аргетина, таканаречената „Розова Куќа“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal