Connect with us

Погба веќе нема да заигра за Јунајтед?

Пол Погба можеби веќе нема да заигра за Манчестер Јунајтед, ексклузивно соопшти британски „Сан“, со напомена дека клубот би можел да го продаде во зимскиот преоден рок. Француската ѕвезда заработи повреда на мускулот на последниот тренинг на националниот тим, и ќе паузира најмалку два месеци. Со оглед дека договорот на Погба истекува на крајот од сезоната, челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат тој да биде продаден веќе во јануари.


Клубот сака да врати барем дел од огромните пари за ангажман на Погба, трансферот беше вреден 105 милиони евра, а тој наводно е блиску до враќање во Јувентус.

Погба неколкупати потенцира дека во Торино ги минал најубавите моменти од клупската кариера и најверојатно ќе се врати во редовите на „старата дама“. За него сериозен интерес покажуваат и Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови