
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, се врати во Торино. Французинот изминативе денови беше во Лион, каде му беа извршени прегледи и имаше консултација со докторот кој го оперира Златан Ибрахимовиќ. Како што е познато, фудбалерот има скинат менискус на десното колено и сакаше да добие што е можно повеќе информации пред да одлучи како да го третира, за да не донесе погрешна одлука која скапо ќе го чини.
Според информациите на „Газета дело спорт“, фудбалерот одлучил да не оди на операција и ќе се реши на конзервативно решение на проблемот. Оваа одлука е договорена и со лекарите на Јувентус и со оние на француската репрезентација.
Досега хируршката интервенција изгледаше неизбежна, со две опции. Првата беше да се отстрани дел од менискусот, што значеше дека ќе биде надвор од теренот месец или два. Сепак, ова долгорочно може да го оштети коленото и да не го реши целосно проблемот. Втората опција беше да се оперираат влакната на менискусот, со што ќе се залечи повредата еднаш засекогаш. Во оваа ситуација, сепак, фудбалерот мораше да мирува четири-пет месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
