
Раководството на Манчестер Јунајтед веќе го прифатило фактот дека Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен агент на крајот од сезоната. Французинот е одамна влезен во последната година од договорот, но досега не успеа да пронајде заеднички јазик со “црвените ѓаволи” за негово продолжување.
Реал Мадрид, Јувентус и Пари Сен Жермен изразија интерес за потписот на Погба, кој беше неуспешен во неговиот обид да го напушти “Олд Трафорд” во 2019 година. Сепак, во Јунајтед веќе неколку месеци владее чувството дека тој нема да потпише нов договор и сега од клубот се спремни да го изгубат на слободен трансфер следното лето, тврди “И-Ес-Пи-Ен”.
Се верува и дека составот на Оле Гунар Солскјер нема да се обиде да заработи барем нешто од можна продажба на Погба во јануарскиот преоден рок, туку ќе го задржи 28-годишниот играч од средниот ред до крајот на сезоната. Исто така, се вели дека Јунајтед веќе прави планови за животот после Французинот и дека ќе ги зајакне своите редови по неговото заминување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
