Францускиот интернационалец Пол Погба најверојатно го одигра својот последен меч за Манчестер јунајтед, откако менаџерот Ралф Рангник потврди дека тој нема да биде во комбинација за денешното дерби против Арсенал, но и до крајот на сезоната. Тој има повреда на мускулот на ногата што најверојатно значи дека нема да настапува до крајот на сезоната.
Погба се повреди на почетокот од дербито со Ливерпул, а од лето е слободен играч со најава дека ќе го напушти „Олд Трафорд“.
„Пол Погба е во аут, најверојатно нема да игра до крајот на сезоната. Докторите ме известија дека ќе бидат потребни минимум четири недели за да се опорави“, изјави Рангник пред мечот со Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













