Connect with us

Погба го заштитил братот со исказот во полиција

Францускиот ас Пол Погба беше во полиција да даде исказ и да сподели повеќе детали за скандалот кој изби околу играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба и неговите тврдења дека бил уценет од неговите познаници од детството, меѓу кои и неговиот брат Матијас.


Приказната се претвори во скандал во последните неколку недели откако постариот брат сподели неколку видеа на социјалните мрежи во кои се заканува дека ќе открие сензационални вести околу Пол Погба кои би можеле да ја свртат неговата кариера. Во меѓувреме, фудбалерот го обвини својот брат дека е дел од шемата за изнуда која траела со години.

„Франс инфо“ откри детали од второто појавување на Пол Погба пред полициските власти. Таму тој ги негираше тврдењата на неговиот брат дека најмил шаман да му прави црна магија на Килијан Мбапе. Неговата верзија е дека станува збор за градски старешина со кого контактирал за добротворна иницијатива поврзана со децата во Африка.

Погба, исто така, го бранеше Матијас пред властите, велејќи дека верува дека неговиот брат не учествувал доброволно во изнудата, туку бил принуден да влезе во шемата.
Пол, исто така, на полицијата и покажал порака од неговиот брат, добиена по неговата преселба во Јувентус, која гласела: „Дали ќе се сеќавате на нас откако ќе го добие бонусот за потпис?“

Погба изјави дека морал двапати да го менува телефонскиот број од почетокот на заканите, период во кој непознати луѓе упаднале во куќата на неговата мајка во јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови