
Втората лига се враќа на сцена. Клубовите кои испаднаа од елитата, Македонија ЃП и Брегалница, се чини дека се најголемите фаворити и за враќање во прволигашкото друштво. Ова посебно важи за „лавовите“ од Ѓорче Петров кои имаат посилен тим можеби и од половина од прволигашите.
Тренерот Бобан Грнчаров има на располагање играчи како Крсте Велкоски, Кире Маркоски, Јован Попзлатанов, Џелил Абдула, и најголем дел од фудбалерите кои и минатата сезона го носеа дресот на Македонија ЃП во прволигашкото друштво. Засилени и со нов спонзор, ѓорчепетровци секако се главните фаворити за освојување на првото место.
Денеска во Ѓорче Петров (17 часот) гостува Охрид Лихнидос, па тоа ќе биде и првиот тест за можностите на Македонија ЃП во второлигашката конкуренција.
Брегалница исто така сака камбек во елитата. Штипскиот тим не е идентичен како минатата сезона, заминаа неколку фудбалери, ги нема и странците, но Трајче Сенев доби и неколку други засилувања и сигурно дека штипјани ќе атакуваат на позициите за врвот. Денеска Брегалница во Штип ја пречекува Победа.
Детонит Плачковица, кој минатата сезона стигна до баражот и не успеа против Вардар, и оваа сезона ќе се бори за висок пласман, а тука се и Кожуф, Охрид, Беласица и Арсими, како екипи кои ќе чекаат шанса од втор план да ги нападнат позициите за пласман во елитата.
Во првото коло, од 17 часот се среќаваат:
МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД ЛИХНИДОС
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА
ОСОГОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО
ФК СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ
АРСИМИ – БЕЛАСИЦА
БОРЕЦ – БАШКИМИ
КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
