Connect with us

Почнува пролетта во Првата лига: Реновираниот Вардар брка опстанок, а за врвот има многу желби – Силекс, Шкендија, Работнички, Гостивар, Струга ТЛ

Почнува пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Во зимскиот преоден рок, Вардар дефинитивно најмногу се засили и ќе има мисија да обезбеди опстанок. Уште на стартот ќе ја пречека Шкендија, која заедно со Силекс и со Работнички го сочинуваше триото на врвот по есенскиот дел од првенството.

🔹 Вардар – Шкендија
Дербито меѓу Вардар и Шкендија на „Тодор Проески“ е во центарот на вниманието. Ова е судир на два тима кои можеби не се во своите најдобри изданија од минатото, но сè уште носат голема тежина во македонскиот фудбал. Ќе биде интересно да се види како Гоце Седлоски ќе се спротивстави на Јетон Беќири во тактичката битка. Посебно сега, кога Вардар веќе има респектабилен тим.

📊 Историски биланс
🔴 Шкендија – 28 победи
⚫ Вардар – 23 победи
🤝 Нерешено – 16 пати

Има и други возбудливи средби во ова коло, кои можеби и уште повеќе ќе имаат влијание во битката за врвот.


🔹 Гостивар – Струга ТЛ
Прва битка оваа пролет меѓу екипите кои се во борба за титулата. Гостиварци најавија дека ќе атакуваат на шампионскиот пехар, а сериозно се засилија во навалната линија.


🔹 Шкупи – Работнички
Домаќините се во турбулентен период, додека „романтичарите“ загубија важни играчи. Шкупи имаше забрана за транфери, а Работнички ги доведе Анес Рушевиќ, Валон Ахмеди и Миле Тодоров, на сметка на Али Регба и Атдхе Мазари, двајцата најефикасни играчи во тимот по првиот дел од сезоната.


🔹 Силекс – Тиквеш
На хартија Силекс е фаворит, но Тиквеш има квалитетен тим. Составот на Александар Васоски играше одлично на домашен терен во Кратово во првиот дел од сезоната, а Тиквеш потфрли. Ќе биде интересно да се види како ќе продолжат двата тима.


🔹 Воска – Беса
Натпревар кој може да биде доста непредвидлив. Домаќините повторно во последен миг собираа фудбалери, а Беса има нов тренер Горазд Михаилов и доведе неколку засилувања.


🔹 Пелистер – Брера
Битолчани ќе бркаат важни три бода. Тимот на Срѓан Захариевски се засили, а во Брера имаше многу промени, сега ќе имаат сосема поинаков тим.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (Денеска, 14 часот)

🔹 Силекс – Тиквеш
🔹 Вардар – Шкендија
🔹 Гостивар – Струга ТЛ
🔹 Воска – Беса
🔹 Шкупи – Работнички
🔹 Пелистер – Брера

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови