
Навивачката група Комити ја стартуваше акцијата „Билет за спас на Вардар“ и сите кои го сакаат клубот можат да купат виртуелен билет од 100 денари, за да ја „наполнат“ арената „Тодор Проески“ за првиот меч од пролетниот дел од сезоната.
Доколку симпатизерите ја распродадат арената, односно ги купат сите билети – околу 35.000 седишта на стадионот, тогаш ќе бидат собрани околу 50.000 евра за Вардар. Три полни виртуелни стадиони се околу 150.000 евра, а тоа е речиси доволно за да се истурка пролетниот дел од сезоната, заедно со ваучерот што му следува на најтрофејниот македонски клуб. Билет може да се купи на следниот линк.
Храброста е нашиот избор, дела наместо зборови.
Имаме можност да напишеме нови славни страници од историјата на црвено црниот свет, а за тоа да го направиме потребно е да направиме само еден мал чекор, да купиме билет на еден натпревар каде игра нашиот Вардар.
Ова е шанса за сите нас кои од страна навивавме нештата да тргнат во вистинската насока, чекајќи други да ја завршат работата. Сега од нас зависи, никој од страна нема да го направи тоа што е наша чест и привилегија да го направиме, никој не може да го одбрани посилно Вардар од нас Вардарците…
КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР !!!
Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен, но сакајќи да дадеме на значење на историските години за ФК ВАРДАР:
– 47 билети за СПАС НА ВАРДАР негов ќе значат пред се признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клубските ѕидини покрај забележителните моменти од богатата клубска историја.
– 87 или повеќе билети за СПАС НА ВАРДАР ќе ви доделат Сертификат заверен од ФК Вардар, како признание за вашето лично или учеството на вашето Здружение, Организација, Компанија во борбата за спас на Вардар.
Да се сплотиме и сите заедно да бидеме Вардар !
Бидете со нас, многу скоро акцијата започнува, па ова нека биде општ повик за #МОБИЛИЗАЦИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
