
Трагедија во Русија. На 29-годишна возраст почина рускиот фудбалер Александар Козлов од срцев удар. Руските медиуми како причина за смртта ги наведоа последиците од згрутчувањето на крвта, што предизвикало срцев удар.
„Се обидовме да го анимираме срцето, се чинеше дека функционира. Пристигна брза помош, но Козлов не можеше да се спаси поради згрутчување на крвта“, напиша новинарот Иван Карпов на социјалните мрежи.
Козлов играше за Спартак Москва од 2010 до 2015 година.
„Сите во црвено-белите беа шокирани од веста за смртта на поранешниот напаѓач на Спартак, Александар Козлов. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите“, објави Спартак Москва.
Козлов беше еден од најголемите таленти на рускиот фудбал. Ги мина сите репрезентативни младински селекции на Русија, но не настапи за сениорската селекција. Во Лигата на шампионите дебитираше на 17 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal