Connect with us

Почина легендарниот напаѓач Фернандо Гомеш

Легендарниот португалски напаѓач Фернандо Гомеш почина на 67-годишна возраст, откако ја загуби долгогодишната битка со ракот на дебелото црево. Гомеш беше еден од најдобрите напаѓачи во светот во 1980-тите, а целата своја кариера, со исклучок на кратки периоди во Спортинг Хихон и Спортинг Лисабон, ја помина во неговиот Порто.


Двапати ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа. Првиот пат беше во 1983 година, кога постигна 36 првенствени гола, а две години подоцна постигна 39.


Шест пати беше најдобар стрелец во португалското првенство, а со 287 гола се уште е најдобриот голгетер во историјата на Порто.


Со клубот освои се, а најголемиот успех го има во 1987 година, кога Порто го крена пехарот во Лигата на шампионите, односно Купот на европските шампиони, како што тогаш се нарекуваше најелитното континентално натпреварување. После тоа ги зеде и трофеите од Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.


Во својата татковина освои вкупно 11 титули. Остана запаметен по изјавата дека „давањето голови е убаво како оргазам“, а многу генерации помлади играчи го сметаа за идол. По него својот прекарот го зеде и славниот напаѓач на Португалија и на Бенфика, Нуњо Гомеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови