Connect with us

Победникот на Купот на Македонија ќе го скокне првото квалификациско коло од Конференциската лига

УЕФА одлучи руските клубови следната сезона да не се натпреваруваат во европските купови, оваа одлука ќе биде „полезна“ за македонските клубови. Победникот на Купот на Македонија, Силекс или Македонија ЃП, патот во квалификациите за Конференциската лига ќе го започне од второто квалификациско коло.


Оваа вест од Нион секако е пријатна за македонските претставници, а ќе важи и за куп-победниците на Словенија и на БиХ.

Во финалето на Купот на БиХ ќе игра Сараево, тимот што го предводи Александар Васоски, а играат и Крсте Велкоски и Даниел Аврамовски. Доколку го победат Вележ во финалето на Купот, и тие ќе играат од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.


Веста за протерувањето на руските клубови уште повеќе ги израдува клубовите во Србија. Сега Србија сега доби уште еден учесник во Лига Европа. Ова натпреварување ќе го игра освојувачот на Купот на Србија, кој претходно беше планиран за Конференциската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови