Connect with us

Победата за Реал Сосиедад, шампионскиот пехар за Барселона (ВИДЕО)

Реал Сосиедад ја победи Барселона на „Камп Ноу“ со 1-2, но тоа не им пречеше на фудбалерите на каталонскиот тим да ја прослават шампионската титула пред домашните гледачи. Капитенот Серхио Бускетс го крена шампионскиот пехар, откако Барса стана недостижна за конкурентите.

Микел Мерино во петтата минута го донесе Реал Сосиедад во водство, а Александер Сорлот зголеми на 0-2 во 75.минута.

Роберт Левандовски во 90.минута постигна почесен гол за Барселона, но триумфот му припадна на Реал Сосиедад, кои овие три бода му беа многу потребни во трката за освојување на четвртата позиција во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови