
Победа на последните две гостувања знае само за триумф против Шкендија. Старо-новиот стратег на прилепчани, Тони Мегленски сака повторување на тие два натпревари од минатата година кога Победа славеше во Купот на Македонија со 0-1 и во првенството со 0-2.
Мегленски најавува борба до последен здив во желбата да се покаже дека прилепчани имаат сили за опстанок, иако знае дека сега ќе биде повеќе од тежок натпревар за нив.
„Мора да покажеме дека Победа има квалитет за прволигашка егзистенција. А, најдобар момент за тоа секако е натпреварот против најдобриот тим во лигата. Знаеме дека Шкендија е голем фаворит, но ние не планираме предвремено предавање иако ќе биде повеќе од тешко“ – вели Мегленски.
Работнички, пак, по оставката на Жикица Тасевски и назначувањето на Баже Лазаревски за нов шеф на стручниот штаб верува дека може да победа на гостувањето против Македонија ЃП. Но, „лавовите“ и на гостувањето против Шкупи покажаа дека се повеќе од одлична екипа која знае што сака од секој натпревар.
„Секако сакаме продолжување на нашата позитивна серија. Знаеме дека Работнички со нов тренер сега силно ќе атакува на победата, но веруваме во нашите можности за нов позитивен резултат“ – вели капитенот на Македонија ЃП, Боби Божиновски.
ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
СКОПЈЕ: Македонија ЃП – Работнички
ТЕТОВО: Шкендија – Победа
СКОПЈЕ: Вардар – Силекс
ТУРНОВО: Академија Пандев – Ренова
СТРУМИЦА: Беласица – Шкупи
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
