Македонскиот второлигаш Победа доби забрана од четири натпревари за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради инцидентот што се случи на мечот против Шкендија Арачиново, кога навивач го скрши стаклото од гостинската соблекувална.
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ги донесе следните одлуки:
- Ивица Глигоровски, кондиционен тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
- Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
- Диако Ласана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
- Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс.
- Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
- Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
- Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
- Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
- Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
- Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
- Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
- Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.
- Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.
- ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ЖФК Шкендија 77 Арачиново.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













