Connect with us

Победа го претстави Делов како ново засилување

Македонскиот прволигаш Победа го официјализира доѓањето на искусниот дефанзивец Методија Делов. 29-годишниот централен одбранбен фудбалер се очекува да биде еден од столбовите на одбраната на прилепскиот тим во новата претстојна прволигашка сезона.


Делов во Победа доаѓа од прволигашот Тиквеш, а во кариерата настапувал за Кожуф и за Вардар Неготино, а една сезона како интернационалец и во Бугарија.


Тој од првиот ден е во тренажниот процес со своите нови соиграчи под надзор на тренерот Бабунски и настапи на двата контролни натпревари со Брегалница и со Работнички.


Во следните денови Победа ќе ги објави и останатите свои засилувања во сите линии на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови