
Победа со нов тренер ќе влезе во вториот дел од сезоната, откако Управниот Одбор на прилепскиот второлигаш денеска донесе одлука да му врачи отказ на Тони Мегленски. Овој стратег ги водеше прилепчани во првиот дел од шампионатот, но Победа по првите 14 кола освои само 11 бода и се наоѓа на осмото место, по што беше донесена одлука за тренерска смена.
„По разгледувањето на се она што беше постигнато во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/20 година, очигледно беше незадоволството од постигнатите резултати и едногласно беше одлучено од сите членови на УО на ФК „Победа“ АД – Прилеп тренерот Мегленски Тони да биде разрешен од функцијата. За назначување односно пополнување на функцијата нов шеф на стручниот штаб по активностите на УО и изнаоѓањето на решение, јавноста ке биде благовремено известена повторно преку официјално известување од страна на УО на ФК Победа АД – Прилеп“ – соопштија од раководството на прилепскиот второлигаш.
Победа во првото коло од вториот дел од сезоната, на крајот од февруари ќе му гостува на „фенерџијата“ Питу Гули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
