Connect with us

По поразот од Торино: Наполи ќе ги затвори играчите во клупската база

Шефовите на Наполи размислуваат какви мерки да преземат за да може тимот да излезе од кризата во која западна оваа сезона. Шампионот синоќа на гостувањето кај Торино го претрпе седмиот пораз (3-0) во Серија А и падна на деветтото место на табелата.


Спортскиот директор Мауро Мелузо призна дека едно од решенијата е да се затворат играчите во клупската база за да можат целосно да се концентрираат на фудбалот.

„Им се извинуваме на нашите навивачи. Тимот е непрепознатлив и размислуваме како да ги мотивираме играчите да стават крај на кризата. Засега тоа не функционира, а има објективни причини за тоа – повреди и отсуство на исклучително важни играчи како Ангиса и Осимен, кои се ангажирани со своите репрезентации за Африканскиот куп. Ситуацијата не е лесна, но тоа не нѐ оправдува. За клуб како Наполи се неприфатливи порази како овој од Торино.

Ќе имаме менаџерски состанок со тимот и потоа ќе соопштиме што сме одлучиле. Валтер Мацари? Клубот, јас и тимот продолжуваме да му веруваме“, изјави Мауро Мелузо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови