Поранешниот претседател на УЕФА, легендарниот француски фудбалер Мишел Платини минал шест часа во канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија како еден од обвинетите за корупциската афера поради кој доби суспензија од фудбалот.
Платини го извлече најдебелиот крај во битката за претседателската фотелја во Светската фудбалска федерација и смената на Сеп Блатер. Тој му исплатил два милиони швајцарски франци за консултантски услуги, а Етичката комисија на ФИФА потоа го суспендираше од фудбалот.
Платини сега се соочува со петгодишна затворска казна, ако се докаже дека е виновен за „нелојална исплата“.
„Мишел останува убеден дека оваа постапка ќе му овозможи да го докаже својот интегритет во случајов. Платини беше внимателен кон презентирањето на елементите од случајот и кон толкувањата презентирани од обвинителот Томас Хилдбранд“, изјавиле за „Франс Прес“, адвокатите на легендарниот француски фудбалер.
Платини утре повторно треба да се појави во обвинителството на Швајцарија, но како сведок во истрагата за криминал и корупција што е започната против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski