Годишната плата на Лионел Меси во Интер Мајами е 20,4 милиони долари, убедливо највисока во лигата, според податоците објавени во четвртокот од Здружението на играчи на МЛС.
Всушност, само три од преостанатите 28 тима во американското првенство трошат повеќе пари вкупно за плати отколку што Интер Мајами троши за осумкратниот освојувач на „Златната топка“.
Целиот буџет за плати на Интер Мајами е 41,7 милиони долари, што значи дека 36-годишниот Аргентинец заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно. Поранешниот соиграч на Меси во Барселона, Серхио Бускетс е вториот најплатен соиграч со 8,7 милиони долари, додека Жорди Алба и Луис Суарез заработуваат по 1,5 милиони долари по сезона.
The annual MLS salary list is out. Guess who the league's highest-paid player is.
— The Athletic (@TheAthletic) May 16, 2024
Lionel Messi's $20.4 million guaranteed compensation is more than 25 individual rosters.@jeffrueter and @tombogert break down the data: https://t.co/xcoN6EPnp7 pic.twitter.com/J7T9u5oBxW
Трите клуба кои имаат поголем буџет за плата од платата на Меси се Торонто, Чикаго Фајр и Нешвил.
Најмал буџет е тој на Сент Луис со 12 милиони долари, додека Солт Лејк и Сан Хозе трошат по 13,6 милиони долари на своите играчи.
Според податоците на Здружението на играчи на МЛС, јасно е дека втора најголема плата по Меси има играчот на Торонто, Лоренцо Инсиње, кој добива 15,4 милиони долари годишно. Трет е Бускетс, а веднаш по него Швајцарецот Џердан Шаќири. Во Чикаго добива 8,15 милиони долари.
Топ 5 го затвора бекот на Остин, Себастијан Дриуси, со 6,72 милиони долари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski