Италијанскиот првак Јувентус загуби во Милано од Интер со 2-0 и повторно си ја отежна ситуацијата во трката за одбрана на шампионската титула. Сега „старата дама“ има седум бода негатива во однос на миланскиот двоец, Милан и Интер, а „росонерите“ имаат и еден меч помалку, вечерашниот против Калјари.
Тренерот Андреа Пирло не е задоволен од изданието на тимот и потенцира дека дерби во Серија А не се игра на таков начин. Пристапот на неговите фудбалери, како што вели, од стартот на мечот не бил вистински.
„Дерби не се игра на ваков начин. Не може да ни недостасува желба и агресивност, да не сакаме да го добиеме секој дуел на теренот. Бевме пасивни, анемичнии, а кога не „гризеш“, тогаш нема и на што да се надеваш. Мислам дека и не можеме полошо од ова да одиграме. Ни треба многу поинаков пристап, ќе мора сериозно да разговараме со одредени фудбалери“, изјави Андреа Пирло.
Во следното коло Јувентус ја пречекува Болоња на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













