Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, призна дека е уморен од шпекулациите дека Антонио Конте ќе го замени на клупата на крајот од сезоната.
Милан се соочува со Фросиноне во меч во кој го брани третото место на табелата во Серија А. Тимот заостанува седум бода зад второпласираниот Јувентус и осум зад лидерот Интер.
„Овие гласини не ми пречат. Но, малку ми се здодевни“, изјави 58-годишниот Пиоли.
„Она што е важно е дека јас и моите играчи сме убедени дека до крајот на сезоната можеме да дадеме се од себе“, додаде тој. „Иднината не ме загрижува. Ние само сакаме да ја покажеме нашата вредност“, истакна стратегот на „росонерите“.
Милан сака да ја продолжи серијата од седум натпревари без пораз во Серија А, а последен пат Аталанта го победи тимот на Стефано Пиоли на 9 декември. Оттогаш, Милан има победи против Монца, Емполи, Рома и Удинезе, како и нерешени резултати со Салернитана и со Болоња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













