Connect with us

Пиоли: Скудето? Да не ја гледаме табелата, можеби е „лажна“

Милан синоќа го победи Емполи на „Сан Сиро“ со 1-0 и имаат пет бода предност пред Интер, но тренерот Стефано Пиоли и понатаму не сака да дава изјави околу „скудетото“.


„Секој следен натпревар треба да ни биде најважен. Среќни сме дека се наоѓаме на врвот, но можеби е тоа само виртуелно, затоа што има тимови со помалку одиграни натпревари. Мора да сме насочени само кон натпреварите и да не ја гледаме табелата. Емполи ни направи одредени проблеми, но најважно е што не примивме гол и остваривме победа“, изјави Стефано Пиоли.

Интер вечерва му гостува на Торино, а Наполи исто така е гостин на Верона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови