
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го изрази своето разочарување од ремито 2-2 на гостувањето кај Лече, откако „росонерите“ водеа со два гола разлика на паузата. Така ја испуштија победата на ист начин на второ гостување во низа по ремито 2-2 со Наполи.
„Во вториот дел одигравме хаотично, а тоа е однесување на кое не сме навикнати. Требаше подобро да ја контролираме играта, но исто така е вистина дека создадовме шанси за 3-0 преку Тијани Рајндерс и Ноа Окафор, но тие повторно избрзаа. Примивме гол од корнер кој беше идентичен со оној што против нас го постигна Пари Сен Жермен. Затоа продолжуваме да ги правиме истите грешки. Бевме премногу оддалечени од противникот и премногу хаотични, не добивме натпревар што требаше да го победиме“, изјави Стефано Пиоли.
Милан нема побеа на последните четири натпревари во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
