Connect with us

Пиоли: На мечот против Тотенхем ќе видите сосема поинаков Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не беше среќен по поразот со 1:2 од Фиорентина во Серија А. Тој призна дека „виолетовите“ биле подобра екипа.


Сепак, Пиоли вети дека за решавачката пресметка со Тотенхем во Лигата на шампионите во среда, тимот ќе покаже сосема поинакво лице.


„Фиорентина играше подобро од нас, но тоа не е затоа што повеќе мислевме на Тотенхем. Само требаше да покажеме повеќе во одредени периоди на теренот. Натпреварот со Тотенхем ќе биде сосема поинаков, тоа е елиминациски натпревар. Исмаел Бенасер се врати по еден месец пауза и сѐ уште не е целосно фит. Треба да видам како е и Брахим Дијаз. Но, пресметката со Тотенхем ќе биде сосема поинаква, затоа што Англичаните се сосема поинаков тим од Фиорентина, а има и многу други фактори. Ќе бидеме подготвени за битка“, изјави стратегот на Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови