Connect with us

Пикси изненади многумина со списокот за ЕВРО 2024

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, го објави поширокиот список на репрезентативци кои конкурираат за претстојното Европско првенство во Германија. Стојковиќ на списокот стави 35 фудбалери, што значи дека до стартот на ЕВРО 2024 ќе мора да отпише девет од нив.

Српските медиуми пишуваат дека списокот на Стојковиќ е полн со изненадувања, а тоа најмногу се однесува на голем број играчи од домашното првенство. Таму се голманот на Партизан, Александар Јовановиќ и неговиот соиграч Самед Баждар, кого Босна и Херцеговина го посакуваше во репрезентацијата.
Стојковиќ ги повика и Немања Стојиќ и Александар Ќирковиќ од ТСЦ, како и Срѓан Мијаиловиќ и Урош Спајиќ од Звезда, односно Михаило Ивановиќ од Војводина и Матија Глушчевиќ од Радник Крагуевац.

Од фудбалерите кои Пикси ги остави надвор од списокот, српските медиуми ги издвојуваат Марко Грујиќ, Урош Рачиќ, Милан Гајиќ, Дејан Јовељиќ и Ерхан Машовиќ. Го нема ниту Миле Свилар, голманот на Рома кој не сака да игра за репрезентацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови