Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, кој долг период беше и шпански репрезентативец, најави дека заминува во пензија. Претстојниот натпревар во Ла Лига ќе му биде последен на „Камп Ноу“. Во емотивно видео тој истакна дека еден ден сигурно ќе се врати во Барселона.
Culers, us he de dir una cosa. pic.twitter.com/k3V919pm1T
— Gerard Piqué (@3gerardpique) November 3, 2022
„Навивачи, овде Жерар. Последните неколку недели и месеци многу се говореше за мене. Јас досега не кажав ништо, но сега јас ќе бидам тој кој говори…
Да се биде првотимец на Барселона и да се освојат сите можни трофеи, да се биде првак на Европа и светот. Да играш заедно со најдобрите играчи на сите времиња и да бидеш нивни капитен и пријател засекогаш. Поминаа 25 година откако пристигнав во Барселона. Фудбалот ми даде се, Барселона ми даде се. Вие навивачите ми дадовте се. И сега кога детскиот сон ми е остварен, сакам да ви кажам дека е време за крај.
Саботниот натпревар ќе ми биде последен на „Камп Ноу“. Ќе бидам само обичен навивач, но секогаш ќе ја бодрам Барселона. А ме знаете. Еден ден, порано или подоцна ќе се вратам. Се гледаме на „Камп Ноу“. Да живее Барселона“, вели Пике во дел од обраќањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal