
Каталонската телевизија „ТВ3“ јавно го прозва дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, дека заработува премногу во периодот кога клубот се наоѓа во голема финансиска криза. Оваа вест привлече големо внимание, па мораше да ја демантира и самиот Пике.
Ставот на „ТВ3“ е дека капитенот Серхио Бускетс и неговите заменици Жерар Пике и Жорди Алба сè уште имаат огромни годишни примања, дури и по драстичното намалување на платите во клубот. Беше објавено дека Пике заработувал 28 милиони евра годишно пред намалувањето на платата и дека формално го потпишал намалувањето, но дека сето тоа го надоместил преку бонуси за лојалност.
Сепак, следуваше жестока реакција на Пике. Тој на Твитер го објави документот од својата последна плата во Барселона, поточно половина од неговата годишна заработка. Сумата изнесува 2.328.884,39 евра.
Ова значи дека Пике во Барселона заработува нешто повеќе од 4,65 милиони евра годишно. Значи, шестпати помалку од сумата што „ТВ3“ ја објави претходно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
