МАКФУДБАЛ во Ереван,
Фудбалската репрезентација на Ерменија се наоѓа во непријатен момент откако едвај се спаси од пораз на гостувањето против Фарски Острови. Во Торшавн, Ерменците израмнија на 2-2 во судиското продолжение и освоија еден бод.
Селекторот Олександр Петраков вели дека требале да слават против Фарски Острови, а и да не загубат против Македонија во Скопје ако се гледа прикажаното на теренот.
„Имаме право да бидеме фрустрирани, затоа што заслуживме победа со играта против Фарски Острови. Но, на крајот ние бевме тие кои мораа да спасуваат бод. Искрено, мислам дека не заслуживме пораз и против Македонија во Скопје. Но, го оставаме тоа зад нас и свртевме нов лист. Се надевам дека утре таа фрустрација ќе излезе од нас и дека ќе успееме да ја победиме Македонија“, изјави селекторот на Ерменија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski