
Ерменците се наши стари познаници, досега многупати сме играле и квалификациски мечеви и во Лигата на нации, а утре (15 часот) во Струмица ќе се одигра пријателски натпревар. Селекторот Олександар Петраков вели дека Македонија е квалитетен ривал и очекува добар тест во Струмица.
„Сметам дека успеав да ги охрабрам моите играчи со вистинските зборови и сметам дека натпреварот со Македонија ќе биде доста интересен. Ги гледавме натпреварите на Македонија и сметам дека има доста играчи кои може да бидат опасни. Со Милевски селекцијата цело време напредува, не би можел да издвојам имиња, затоа што гледам доста играчи кои би можеле да бидат опасни кон нашиот гол“, изјави Петраков.
Фудбалерот Наир Тикнизјан вели дека мечот секако ќе има значаен натпреварувачки карактер.
„Нема пријателски натпревари кога го носиш ерменскиот дрес, ние се спремивме за мечот како да е официјален, а потоа ни следи доста важен дуел во ноември“, истакна Тикнизјан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
