Connect with us

Пети: Да го видам Гвардиола нека направи резултат без буџет од три милијарди евра

Поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети го критикуваше тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откако беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите.


Сити имаше два гола предност (3-1) до 90. минута од реваншот, а Родриго постигна два гола и го одведе натпреварот во продолжение, каде Карим со гол од пенал го однесе Реал во финалето на Лигата на шампионите.

„Гвардиола беше наелектризиран, им викаше на Марез и на Фоден. Мораше да им дозволи на играчите да се концентрираат на играта Имам голема почит кон Гвардиола и се што направи. Но, ако сака да привлече повеќе внимание кон себе и луѓето го гледаат како генијалец, нека направи сличен резултат со обичен тим, без буџет од три милијарди евра. Тогаш ќе кажам дека тој е најдобриот тренер во светот. Сега тоа не е случај. Резултатот е немилосрден“.

Петит не заборава еден детал…

„Пеп ја нема освоено Лигата на шампионите 11 години – откако Лионел Меси не е во неговиот тим“, дополни некогашниот француски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови