Connect with us

Пет клуба би го купиле Мбапе, но тој сака трансфер само во Реал Мадрид

Сагата со Килијан Мбапе и ова лето ја преокупир фудбалска Европа. Пари Сен Жермен сака да го продаде во овој преоден рок затоа што следното лето ќе може да замине како слободен играч.


Иако француската ѕвезда не сака да го напушти Париз ова лето, клубот се надева дека ќе го убеди на трансфер. Поради тоа и го остави надвор од тимот, кој замина на претсезона во Азија.


„Марка“ објави список од пет клуба кои го посакуваат Мбапе. Тоа се Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ал-Хилал.

Сепак, Килијан размислува само за Реал Мадрид, и тоа следното лето како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови