Connect with us

Перишиќ: Дојдов во Хајдук со драго срце, ризикував и повреда за да играм, а сега одлучија дека не сум потребен

Хрватскиот ас Иван Перишиќ ќе се раздели со Хајдук Сплит. Дојде како огромно засилување и создаде еуфорија на „Пољуд“, но седум месеци подоцна е прогласен за „предавник“ кој сакал да си замине и затоа направил недисциплина поради која е отстранет од тренерот Џенаро Гатузо.
Италијанскиот стратег истакна дека Перишиќ побарал заминување од клубот пред дваесетина дена, а сега Хрватот ја кажа својата верзија на ситуацијата.

„Дојдов во Хајдук надевајќи се дека заедно ќе го оствариме сонот и ќе ја земеме титулата. Имав добар договор со Тотнем, а и повреден имав одлична понуда од голем странски клуб, каде би имал фантастични услови за рехабилитација и барем еднакви шанси за играње, како што имав и тука. Наместо тоа, на повик на управата на клубот и навивачите, одбрав живот без семејство кое живее во странство со надеж дека ќе помогнам во борбата за титула и пласман во групната фаза од Лигата на шампионите“, вели Перишиќ.

„Во каква и состојба да бев, во секој момент, па и тогаш кога влегов во игра на Куп мечот против Динамо, наспроти препораките на докторите, ризикувајќи повреда која би ми ја завршила кариерата, давав се од себе за да ја оствариме таа заедничка цел“.

„Од првиот ден до денес се држев до договорот, до поставените правила, а по Европското првенство одбив и две понуди од сериозни клубови со цел да му помогнам на клубот ова лето“.

„Веројатна на сите им е јасно дека Хајдук и Сплит не ги одбрав поради пари или здравствена нега. Во желба да помогнам своето здравје и своето семејство ги ставив во втор план и не жалам поради тоа бидејќи не ни знам поинаку, но во неделата навечер некој друг со свој испад одлучи дека мојата помош веќе не му е потребна“.

„Од кога знам за себе во Хајдук гледам како нето големо и така ќе се однесувам и во моменот кој е исклучително тежок за мене и за моето семејство. На клубот му посакувам среќа, победа во четврток, пласман во Европа и освојување на титулата, без разлика кој е во клубот“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови