Претседателот на Реал Мадрид и прв човек на новоформираната Суперлига, Флорентино Перез, во првата изјава по објавата за новото натпреварување вели дека Суперлигата ќе направи револуција во фудбалот.
„Ќе му помогнеме на фудбалот на секое ниво и ќе го однесеме на заслуженото место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт со фанови од четири милијарди луѓе. Наша одговорност, одговорност на големите клубови е да ги задоволиме потребите на овие луѓе“, рече Перез.
Доцна синоќа беше објавено дека во Суперлигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус и уште осум клуба кои ќе им се придружат подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













