Connect with us

Пепе и Ламин Јамал урнаа рекорди во Лигата на шампионите

Дефанзивецот на Порто, Пепе, стана највозрасниот играч кој играл во нокаут фазата од Лигата на шампионите.


Португалецот, кој беше на теренот цели 90 минути во победата од 1-0 против Арсенал, има 40 години и 360 дена.

Истовремено, крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, со 16 години и 223 дена, стана најмладиот дебитант во плеј-офот во Лигата на шампионите. Шпанецот одигра 80 минути во ремито 1-1 на тимот на гостувањето кај Наполи.

Сезонава Јамал има пет гола и седум асистенции на 35 натпревари за каталонскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови