
Македонскиот прволигаш Пелистер официјално се засили со тројца нови фудбалери кои ќе помогнат во остварување на зацртаната цел на клубот во престојната сезона.
Виктор Серафимовски, досегашен фудбалер на ФК Силекс, ќе го засили средниот ред на тимот. Станува збор за фудбалер кој зад себе има огромно прволигашко искуство во повеќе македонски клубови.
Второто ново име е Филип Тодороски кој важи за еден од најталентираните млади и респектабилни офанзивни играчи за врска во Македонија, и играч кој може да настапува и на крилните позиции. Тодороски доаѓа од редовите на Воска Спорт, а со младинската екипа на Победа настапуваше и во младинската Лига на шампиони.
Дамјан Масевски е млад фудбалер кој доаѓа од редовите на ФК Охрид и настапува на напаѓачката позиција. Се работи за талентиран шпиц играч со голем простор за напредок.
Тројцата в понеделник ќе се појават на стартот на подготовките за новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal