Македонскиот прволигаш Пелистер одлучи да се раздели со досегашниот тренер Влатко Костов. Раководството на клубот спогодбено го раскина договорот, а до почетокот на зимските подготовки се очекува за нов шеф на стручниот штаб да биде именуван Срѓан Захариевски.
„По долг заеднички и пријателски разговор, клупската управа на ФК Пелистер и шефот на стручниот штаб Влатко Костов постигнаа спогодбен раскин на договорот. Клубот искрено му се заблагодарува на Костов за остварените цели и постигнатите резултати во овие една и пол година. Пелистер под негово водство се врати во Првата фудбалска лига и одигра достоинствен есенски дел од сезоната во елитната категорија. Со Влатко Костов, кој и дел од играчката кариера помина во Пелистер, останува спортски пријатели и му посакуваме многу успеси на приватен и професионален план.
ФК Пелистер е во преговори за нов шеф на стручниот штаб и до почетокот на подготовките тој ќе биде претставен пред јавноста“, објави ФК Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













