Connect with us

Пелистер објави видео од „криминалното продолжение“ на мечот со Тетекс: Неслужбени лица, закани…

Натпреварот меѓу Тетекс и Пелистер (2-1) е во фокусот на вниманието по вчерашното коло од Втората фудбалска лига. „Текстилците“ дојдоа до триумф со голот на Христијан Кировски дури во 110.минута од мечот, а гостите се жалат дека нивните фудбалери биле и во „животна опасност“ на теренот.

„Пелистерци“ денеска објавија и видео од „криминалното продолжение“ на мечот. Бобан Здравевски даде гол за израмнување во 90.минута, по една кардинална грешка на фудбалерите на Тетекс, а потоа се играше, барем така велат битолчани, додека Тетекс не даде гол за победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови