
Фудбалскиот клуб Пелистер на свечен начин го одбележа големиот јубилеј – 80 години од основањето. Битолчани им приредија радост на своите навивачи со победа од 2-0 над романскиот гигант Динамо Букурешт, во пријателски натпревар одигран на арената „Петар Милошевски“.
По мирното прво полувреме, „зелено-белите“ ја презедоа иницијативата и ја искористија несигурноста во одбраната на Романците. Во 75-тата минута, Тоадер од редовите на Динамо несреќно ја затресе сопствената мрежа, носејќи му водство на Пелистер.
Триумфот беше запечатен во самиот финиш, кога Александар Ристевски прецизно реализираше пенал и ја потврди славеничката вечер за битолскиот клуб.
Со овој триумф, Пелистер не само што ја прослави својата богата историја, туку и најави амбиции за уште посилна сезона во домашното првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
