
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала набрзо би можел да направи интересен трансфер и да ја напушти Италија, а неговите агенти веќе работат на тоа.
Еден од играчите на кои договорот им истекува ова лето е Пауло Дибала, кој од 30 јуни ќе биде слободен играч.
Во Рома пристигна летото 2022 година како слободен играч, откако по седум години играње за Јувентус го напушти Торино.
Претходно, Дибала играше за Палермо и за матичниот клуб Институто АЦЦ во Аргентина.
Пред неколку месеци се споменуваше дека за неговите услуги е заинтересиран Фенербахче, но сега пристигнуваат други информации.
Според турските медиуми, Пауло Дибала е најблиску до најголемиот ривал на Фенербахче, екипата на Галатасарај.
Агентот на Пауло Дибала, Карлос Новел, пристигнал во Истанбул за да се сретне со претставници на Галатасарај пред потенцијалниот трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal