
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ќе остане во Рома најмалку до крајот на 2026 година, откако во тековната сезона ги исполни потребните критериуми за одиграни натпревари од клаузулата во неговиот постоечки договор, која предвидува автоматско продолжување на соработката.
Дибала се приклучи на Рома во летото 2022 година по седум сезони поминати во Јувентус, но минатото лето беше блиску до заминување од европскиот фудбал и преселба во Саудиска Арабија.
Сепак, во договор со семејството и агентот, одлучи да остане на „Олимпико“ до летото 2026 година, а во договорот беше вклучена клаузула за автоматско обновување на соработката доколку одигра доволно натпревари.
Оваа клаузула беше активирана минатата недела, по натпреварот против Џенова, каде Дибала оствари асистенција во победата од 3-1, што беше доволно за да ги исполни условите за продолжување на договорот.
Според реномираниот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“, нето платата на Дибала според новиот договор ќе изнесува 8 милиони евра годишно, а постои и намера да се продолжи договорот до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
