
Патрик Клајверт поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Индонезија, откако не успеа да го пласира тимот на Светското првенство во 2026 година. 49-годишниот Холанѓанец ја напушта позицијата по неуспешните квалификации, во кои Индонезија загуби од Саудиска Арабија (2-3) и од Ирак (0-1).
„По отворени, сеопфатни и исполнети со почит разговори, двете страни се согласија да ја прекинат соработката“, соопшти Индонезиската фудбалска федерација преку објава на социјалните мрежи.
Клајверт ја презеде репрезентацијата во јануари 2025 година со договор на две години. Неговиот биланс за десетте месеци на кормилото е три победи, едно реми и четири порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal