
Фудбалскиот клуб Партизан официјално потврди дека Саво Милошевиќ веќе не е тренер на првиот тим. Тренерот поднесе оставка, а клубот ги откри и причините за оваа неочекувана одлука. Како што се наведува во соопштението, по разговорите со членовите на Работната група задолжена за спортски прашања, Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ, донесена е заедничка одлука да се прифати оставката.
Главната причина за несогласувањето бил односот кон Марко Керкез, млад фудбалер кој беше донесен како проект за иднина и продажба. Раководството на клубот сметало дека Керкез требало да започне како стартер, имајќи го предвид неговиот статус во тимот. Играчот, кој е брат на унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Борнмут, Милош Керкез, пристигна во Партизан ова лето од Спартак Суботица.
„Фудбалскиот клуб Партизан и Работната група која привремено управува со клубот зазедоа јасен став за прекин на моделот на управување кој го доведе клубот во моменталната ситуација. Во процесот на стабилизација е дефинирана решителна насока без компромиси, и покрај обидите и ‘неформалните влијанија’ од различни заинтересирани страни. Иако тој пат е предизвикувачки, го сметаме за единствениот правилен.
Предраг Мијатовиќ, по натпреварот во кој Партизан го победи Јединство Уб, одржа разговор со тренерот Милошевиќ. Во текот на разговорот беа опфатени различни теми, вклучувајќи го и дебитантскиот настап на Марко Керкез, кој влезе во игра во 60-та минута.
Имајќи го предвид контекстот во кој играчот беше донесен за време на летниот преоден рок, мислењето на спортскиот сектор е дека неговиот настап испраќа погрешна порака до јавноста и навивачите, оставајќи впечаток за продолжување на практики кои не се во согласност со вредностите и кредибилитетот на голем клуб како Партизан.
Како причина за оставката, тренерот Милошевиќ ја наведе желбата да го заштити личниот интегритет и самостојноста во носењето одлуки.
Оваа прилика ја користиме да истакнеме дека клубот немал намера да го разреши тренерот на првиот тим, ниту пак биле водени разговори за финансиски детали или платата.
Досегашниот шеф на стручниот штаб имаше целосна слобода во составувањето на тимот и изборот на играчите, а автономијата на спортскиот сектор не беше нарушена. Во сите претходни јавни настапи, тренерот Милошевиќ уживаше недвосмислена поддршка од клубот и беше истакнуван како ‘најдобро решение’, истакнаа од Партизан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
