Српскиот фудбалски клуб Партизан од денес има ново раководство. Како што беше најавено, денес е одржано вонредно Собрание по кое и официјално заминаа претседателот Милорад Вучелиќ, генералниот директор Милош Вазура, како и сите членови на Управниот одбор. Нив ќе ги замени привремена Работна група составена од седум членови.
На чело на оваа група ќе биде Расим Љајиќ, а освен него, познато е дека во клубот влегуваат Предраг Мијатовиќ, Данко Лазовиќ, додека на чело на младинската школа ќе биде Владимир Вермезовиќ.
Расим Љајиќ се обрати на јавноста и најави големи промени.
„Покрај мене, тука ќе бидат Предраг Мијатовиќ, Данко Лазовиќ, Војин Лазаревиќ, Драган Миловановиќ, Милка Форцан и Бобан Станојевиќ. Пред нас е тешка финансиска консолидација на клубот, затоа се тука бизнисмени, а тука е и адвокат кој ќе се занимава со институционалните проблеми. Посебна благодарност до Предраг Мијатовиќ и сите останати членови. Разговарав со стотина фудбалери и луѓе од различни сфери на општествениот и јавниот живот, иако повеќето изразија поддршка, сите рекоа „немој сега, јас ќе помогнам подоцна“. Затоа ова е голема храброст од фудбалската легенда Мијатовиќ да се врати“, изјави Љајиќ.
Тој најави болни реформи.
„Ќе мора да спроведеме болни реформи, за да биде подобро, прво ќе биде потешко. Нема кратенки. Никој не измислил рецепт за клуб или компанија да застане на нозе без болни реформи. Да не гледавме светло на крајот од тунелот, немаше да бидеме тука. Ќе го намалиме буџетот на 16 или 17 милиони евра, ќе го намалиме бројот на вработени за дваесет проценти и ќе ги разгледаме платите. Тие со поголеми примања ќе мора да понесат поголема одговорност за реформите. Не дојдов да лажам, не можам да ветувам чуда. Ова е реалната состојба и ќе направиме сè што можеме. Првиот чекор ќе го видиме за неколку месеци“, нагласи Љајиќ.
Тој ги откри и првите чекори.
„Финансиската консолидација е најважна. Најголемиот приход ќе го очекуваме од оваа расходна страна. Државата веќе нема да помага, сега се провлекуваме благодарение на неа. Не можеме да се однесуваме како расипани милионери. Мора да покажеме дека штедиме за да можеме да побараме помош. Целта е да направиме разлика на расходната страна, да заработиме околу два милиони евра од продажба на играчи. Реорганизацијата е неизбежна и тука ќе направиме најголеми заштеди“, откри Љајиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski