
Аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес ќе паузира околу две недели поради мала повреда на бутниот мускул, објави Јувентус.
Паредес се очекува да паузира до првата недела од ноември, непосредно пред Аргентина да ја започне кампањата на Светското првенство против Саудиска Арабија на 22 ноември во Катар.
„Леандро Паредес има мускулен проблем што стана јасно на крајот од тренингот во саботата. Тој беше подложен на лекарски прегледи кои открија лесна повреда на левата надколеница. Неговото целосно закрепнување ќе трае околу 15 дена“, се вели во соопштението на Јувентус.
Аргентина е во групата Ц на Светското првенство заедно со Мексико, Полска и со Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
