
Португалската легенда Пауло Футре застана во одбрана на Кристијано Роналдо за неговата одлука да одбие да влезе како замена на крајот од натпреварот со Тотенхем, по што го напушти стадионот во знак на протест. Според него, петкратниот освојувач на „Златната топка“ имал право да постапи на овој начин.
„Тен Хаг не може да прави такви работи. Го почитувам, но Кристијано е петкратен добитник на „Златната топка“. Не можете да го натерате да влезе во последните две минути. Тоа е понижувачки. Ако реши да игра со него на теренот, нека го направи тоа на 20 минути пред крајот. Ако не се чувствувал добро, тогаш воопшто не му дозволувајте да влезе. По натпреварот со Манчестер Сити изјави дека не ставил во игра од почит кон неговата кариера, но две недели подоцна сакаше да го внесе на две минути пред крајот. Кристијано е Португалец и мој пријател, но во ваков случај истото би го кажал и за Лионел Меси“, изјави Футре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
