
Второлигашот Тиквеш е подготвен за утрешниот бараж против Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ за влез во Првата фудбалска лига. Кавадаречкиот тим верува дека може да го совлада актуелниот освојувач на Купот на Македонија и по подолг период да се врати во елитата.
Тренерот Пане Блажевски вели дека Тиквеш максимално се подготвува за баражот подолго време со оглед дека бодовно го обезбеди второто место во Втората лига Исток. Без посебно преценување на ривалот и со верба во сопствениот квалитет, Тиквеш патува за Скопје на бараж – пресметката.
„Очекувањата се Тиквеш да го внесеме во Првата лига. Визијата ни беше бараж, го остваривме, а сега следи дуел против Силекс, прволигаш кој е секако квалитетна. Но, не ги преценуваме, ниту пак мислиме да ги потцениме. Ова ми е трет бараж како тренер. Добро го анализиравме противникот, интенција е да одиграме максимално одговорно и да го извлечеме најдоброто од тимот. Силекс секако се под многу голем притисок, тие го бранат прволигашкиот статус, а јас верувам дека мојот тим може во елитата“, изјави Пане Блажевски.
Силекс и Тиквеш ќе играат утре, со почеток во 16 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Вториот бараж – натпревар е закажан на комплексот на ФФМ, а ќе се сретнат Ренова и Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski